Возило се преврте под Кале

Тешка сообраќајка денеска претпладне се случи под скопското Кале. На коловозот стои превртено возило, а сообраќајот на овој правец се одвива отежнато.

Полицијата врши увид, по кој ќе се знае за причините за оваа несреќа.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот. 

Фото: ТВ21