На групата „Ѕид на сообраќајниот срам" на социјалната мрежа Фејсбук, направена за сообраќајни прекршоци и сообраќајна некултура, се појави информација од патничка во автобус дека возач на ЈСП правел селфи за време на работното време.

Патничката на страницата прашува каде да пријави дека во автобус со број 2, возачот правел селфи додека возел, се снимал и разговарал на мобилен, па за влакно избегнал судар.