Воспитувачката од градинката во Аеродром, која родители ја обвинија за малтретирање на нивното дете се уште оди на работа – потврди градоначалникот Златко Марин.

Поради тоа што инспекциските служби на Министерството за труд немале докази за да утврдат вина, нема основ да и биде прекинат работниот однос.

Министерката Царовска посочи – сега на потег е полицијата. Според информациите на ТВ 24 и во текот на денешниот ден исказ во полициска станица треба да дадат други вработени во градинката.