Црвениот крст на град Скопје од 14 до 20 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”.
Како што информираат оттаму, во рамки на Неделата на грижа за стари лица, ќе се организираат повеќе активности и тоа: предавање во Здружение на пензионери Карпош, информативни точки на локациите Зелен пазар, пазар Буњаковец и ТЦ Бисер (пунктови за мерење притисок, ниво на шеќер во крв и сатурација), посета на домовите за стари лица „Мајка Тереза” и „Идила”, прошетка и заедничко дружење во Стара скопска чаршија со корисници од домашни услови, фризерски и козметички услуги во дневените центри за стари лица во ДХО Даре Џамбаз и Сарај во соработка со средното училиште „Димитар Влахов”, посета на Македонски народен театар, предвање и посета на планетариум, собирна акција на зимница и централен настан во ТЦ Веро Џамбо (19.11 сабота, 10:00-14:00) преку организација на хуманитарен базар и промоција на актуелните активности во дневните центри како што се практично вежбање на Чиконг вежби, штандови за креативна и сликарска работилница.
Овој сервис е поддржан од страна на Градот Скопје, Албиз Фондацијата и Швајцарски Црвен крст.
Како што посочуваат оттаму, целта на програмата е разој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 180 стари лица во домашни услови и повеќе од 1500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.