Детските суперхерои пристигнаа на Клиниката за детски болести и поделија подароци

Под мото „Да подариме насмевка" по 6. пат, Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен, Мини, а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести во Скопје и поделија подароци. 

Настанот е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје.

- На малите пациенти покрај насмевки, прегратки и љубов ќе им се подарат и новогодишни пакетчиња за претстојните празници. Благодараност до Општинска организација на Црвен крст Центар за донираните пакетчиња и aнимација Банбино за костимите и нивниот несебичен ангажман околу овој проект, порачаа од Црвен крст-Скопје.