Во тек е акцијата ВДОМИ МИЛЕНИК – НЕ КУПУВАЈ

Отворени денови за вдомување бездомни кучиња во Стационарот „Вардариште“.

Во тек е акцијата ВДОМИ МИЛЕНИК – НЕ КУПУВАЈ!

Кучињата што ги гледате на фотографиите во моментов се наоѓаат во Стационарот „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени.

Во деновите од 4 до 10 октомври посетете го Стационарот за бездомни животни „Вардариште“ и вдомете миленик. За сите љубители на животните коишто сакаат да вдомат куче и да му ја подарат својата љубов и грижа, вратите на стационарот во овој период ќе бидат отворени од 9 до 19 часот.