Во Свети Николе пронајдено украдено возило од друг град

На 25.02.2022 во 07.05 часот на ул.„Ванчо Ангелов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода А.А.(32) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“, казниво по член 242 од Кривичниот законик.

Полициски службеници го пронашле возилото „ивеко“, со штипски регистарски ознаки, и го вратиле на сопственикот од Радовиш, а осомничениот бил предаден во Полициската станица Радовиш за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.