Во Страчинци засадени 15.000 багреми

 Во атарот на скопското село Страчинци денеска беа засадени 15.000 багреми.

Акцијата за пошумување ја организираше Општина Гази Баба, а поддршка дадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за земјоделство Трајан Димковски и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, на Пендаровски, Димковски и Макрадули, кои го посетија Страчинци, им објасни дека станува збор за ерозивно подрачје кое летово страдаше од пожари, а беше зафатено и од катастрофалните поплави во август 2016 година.

Токму целта на пошумувањето, како што посочи Георгевски, е заштита на селото и околината од елемнтарни непогоди.