Во скопски Бутел започна изградбата на потпорен ѕид на улица 50

Во скопски Бутел започна изградбата на потпорен ѕид на улица 50.

- Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши итна санација на оштетениот дел и со изградба на потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на улицата која предизвикуваше загрозено и небезбедно движење на граѓаните. Со овој потпорен ѕид ќе се обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од евентуално можно лизгање на земјиштето, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

Вредноста на целиот овој проект изнесува 4.799.763,00. Средствата се издвоени од буџетот на Општина Бутел.

- Ова беше едно од главните барања на граѓаните од ова населено место кое започна со реализација, порача првиот човек на општината.