Во што се состои феноменот „Тито“ и да живееш среќно и спокојно дури и без пари?

Југоносталгија, се чини, е неискоренлива. Оние кои живееле во времето на Југославија и Тито, споделуваат дека тоа време никогаш нема да се врати.

Во што се состои феноменот „Тито“ и да живееш среќно и спокојно дури и без пари, за разлика од денеска?! Оваа дискусија речиси постојано е присутна во коментарите на социјалните мрежи! 

- Родените после него треба да знаат дека, сегашните седум држави произлезени од поранешната Федерација на СФРЈ, кои, за голема жал, ниту на сон можат да замислат дека некогаш живееле во хармонична заедница, дека никој, од север до југ, од Јесенице до Гевгелија, од Нови Сад до Сплит, не чувствувал граници, разлики, разединетост, а за омраза и национален антагонизам ниту збор, пишува во еден свој натпис писталеот Борче Трајковски.

- Тито не пренесе во наследство ниту една банка, еден динар на своите следбеници, а ги имаше, ниту беа привилегирани додека беше жив, ниту сопругата доби нешто од конфискуваните имоти и пари. Се' остави на државата која беше пример во светот, затоа што се викаше Тито...додава тој.

И граѓаните, особено оние повозрасните, со посебна жар се сеќаваат на тие минати времиња кога владееше Тито.

На прашањето како се живееше тогаш велат:

- Сите бевме радосни, и со пари и без пари. Тоа време нема да се врати. Немаш поделги како денес, споделува една скопјанка. -Во негово време бевме луѓе со достоинство, каде и да отидевме надвор бевме респектирани и почитувани. А што сме денеска?

- Живеевме безбедно, без криминал, убиства, корупција, глад, сиромаштија немаше. Сите живеевме скромно, од плата школува ме и подигнавме деца, купувавме стан и кола на кредит и одевме на одмор секое лето...

- Во тоа време немавме стрес, секојдневнен егзистенцијален стрес како денеска. Бев здрава, јадев подобра, поквалутетна храна и не живеев во страв дека секој момент може да ја изгубам работата и да немам здравствено осигурување и дека нема да можам да го платам лекувањето, вели една повозрасна жена од Србија која денеска живее во Америка и која додава дека здравјето е привилегија во американското општество.