Во ресенско пронајдена граната од Првата светска војна

Вчера, на 01.09.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Ресен, З.Ч.(41) од Ресен пријавил дека кај бензиска пумпа во с.Сливница пронашол граната.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната со калибар 75 мм која потекнува од Првата светска војна.