Насилство во Ресен: две лица со автомобил се обиделе да удрат во човек, па излегле и го тепале

Полицијата од Ресен поднесе кривична пријава против две лица од кои едниот од Битола, а вториот српски државјанин со живеалиште во Ресен, поради насилство.

Според информациите од МВР, двајцата на 20 октомври, со патничко возило „опел омега“, се обиделе да удрат во маж.

Потоа излегле од возилото, физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет, стои во дневниот полициски билтен.