Во Расадник ќе има катна гаража, а не само згради

Ќе се гради-постави монтажна катна гаража во населбата Расадник. Ова денеска го соопшти општината Кисела Вода.

Од раководството на општината објаснуваат дека изградбата е во рамките на најавеното подобрување на сообраќајните решенија, во кои е опфатен и проблемот со паркирањето.

Предвидено е монтажната катна гаража да е со метална конструкција и да има два ката. Ќе биде со површина од околу 1.500 м2.

Инаку, населбата Расадник стана синоним на пренатрупаност со згради, поради што тамошните жители бараа сменување на ДУП-от.