Во потрага по подобар живот, скопјани “спас” бараат од бајачи и гатачи - лекуваат по телефон, гледаaт на фотографија, за одерена сума на пари

Бајачите и гатачите постоеле уште многу одамна, постојат и денеска. Денеска на секоја страна ги има таквите луѓе. Даваат огласи во весници и на интернет, лепат плакати по јавните места. Одат од по улици и од кафуле во кафуле.

Наводно можат да ви помогнат ако имате здравствен проблем, да ви помогнат да најдете работа, да најдете решение за вашите љубовни проблеми или да уништат некоја магија ако ви е направена.

Лекувам по телефон, гледам на фотографија и ви ја откривам иднината, со билки лекувам од тумор, имам природен лек за неплодност. Ова е дел од понудата на надрилекарите кои својата вештина ја огласуваат во весниците. Ветуваат лек за несоница, разни алергии, камен во жолчката, стрес, депресија, па се до тешки болести како леукемија, епилепсија или рак.

Секојдневното искуство и комуникацијата со луѓето посочуваат дека оваа бројка оди нагоре и тоа со загрижувачка тенденција.

Најчесто причината поради која тие ги посетуваат бајачките и гатачите се нивната лична несигурност и незнаењето како да ги решат сопствените проблеми и проблемите на своите блиски. Малку е чудно, но најверојатно скоро сите кога ќе дојдат до проблем посегнуваат по нив.

За оваа услуга тои наплаќаат. Некои имаат своја тарифа од 500 денари па нагоре, а има и такви кои не бараат пари, туку колку ќе им дадеш.