Во Подстаница во Драчево собрани 5 тони кабаст отпад

Минатата седмица Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ собраа 5 тони кабаст отпад и електронска опрема во МЗ Подстаница, во населба и село Драчево.

Покрај ова, на истите локации локалната самоуправа спроведе активности за целосно расчистување на отпадоците одложени од страна на несовесни граѓани. Средени се детските игралишта, а скастрени се и исушените гранки на дрвјата и грмушките.

Општината повторно апелира до граѓаните за совесно однесување, како би придонеле за чиста Кисела Вода.

Акцијата за собирање на кабаст отпад ќе продолжи да се одвива оваа работна недела во четврток и петок во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради.