Во Македонија становите градени како А, често се случува всушност да бидат од пониската Б, па дури и Ц класа

Највисоката А енергетска класа на хартија не е гаранција дека скапо платениот стан и во реалноста е мал потрошувач на струја, тврдат експертите. Во Македонија, велат тие, становите градени како А, често се случува всушнот да бидат од пониската Б, па дури и Ц класа.

– Енергетската ефикасност се разгледува само на почеток, на ниво на проектирање, но дали тоа што е ставено на хартија навистина излегува и на дело кога зградата или објектот ќе се пушти во употреба? Анкетите покажуваат дека тоа засега не е случај. Голема е дискрапанцата меѓу потрошувачката на енергија што била предвидена и онаа што е реална во пракса, вели Игор Панчевски, експерт за енергетска ефикасност, за Вечер.

Тој појаснува дека не се знае што се случува во изведбата, зашто нема комуникација меѓу различните учесници во градбата, како градежници, архитекти, машинци, електричари и други. Ниту употребата на најквалитетни материјали, според него, не е гаранција за висока енергетска ефикасност, зашто важно е и тоа колку рабвтниците се обучени за енергетски ефикасна градба.

Панчевски посочува дека имплементацијата на иновативната БИМ технологија, која ги поврзува сите чинители во градењето и го следи објектот низ целиот период на постоење, почнувајќи од фазата на проектирање, ќе реши многу проблеми во врска со објектите, вклучувајќи го и овој.

За надминување на ваквите пропусти Стопанската комора на Македонија најавува нов 30-месечен европски проект т.н. “Тренинг# преку кој работниците и фирмите ќе се обучуваат за добро поставување изолација, прозоорци, врати… Ќе се промовира и алатката “Бим#, при што се очекува дека за нејзина имплементација ќе има триесетина заинтересирани градежни компании, а ќе се обучат и 230 професионалци.

Панчевски објаснува дека БИМ технологијата е во широка примена во голем број развиени земји на ЕУ и без неа во нив не може да се реализира ниту еден тендер. Европската комисија, пак, работи на тоа таа да стане задолжителна.

Според универзитетската професорка Кристина Спасовска, 40 проценти од потрошувачката на енергија е од градежните објекти. Затоа, вели таа, се прават и напори при проектирањето згради да се имплементираат и обновливи извори на енергија. Во Макеоднија во рамки на проект спроведуван во скопската општина Карпош изградени се десетина такви згради за живеење, а има и неколку во други општини низ државата.

nike air max 1 sale