Во Македонија нема регистрирани, но во Србија неверојатно брзо расте бројот на смртни случаи од западнонилска треска

Шест лица починаа од западнонилска треска во изминатите седум дена, со што вкупниот број на починати во Србија од 15 за само една недела се искачи на 21 лице.

Во исто време, бројот на лица заболени од оваа тропска болест што ја пренесуваат комарците се зголеми, па сега е 213, за разлика од претходната недела, кога имаше 159 заболени.

Во Белград се зголеми бројот на заразени лица, кој сега изнесува 108, а пред 7 дена беше 78, според најновите податоци од Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут”.