Во Холандија ќе се бара ковид пропусница за влез во тоалет во рестораните

Најновите ковид мерки во Холандија ги збунија посетителите на угостителските објекти. 

Иако гостите во холандските барови не се обврзани да покажат ковид сертификат за пијалак или јадење на тераса, сепак ќе мора да имаат таква пропусница ако одат во тоалет внатре во објектот, соопшти денес холандското министерство за здравство.

Холандските власти минатата недела укинаа некои ограничувања во борбата против пандемијата, меѓу кои и  држењето на физичка дистанца, но најавија ковид пропусници за баровите, рестораните и фестивалите.