Од утре во Холандија строги мерки, ништо нема да работи по 20 часот

Од утре стапуваат на сила построги ковид-мерки во Холандија, со кои речиси ништо нема да работи по 20 часот, кога се во прашање угостителските објекти. Продавниците пак, поголемиот дел ќе затвораат уште во 17 часот. 

Холандија има високо ниво на вакцинирана популација, околу 85% од возрасната популација, но во моментов најкритична група на заразени се учениците, кои со дружењата меѓу себе си ја пренесуваат заразата, а со тоа ги изложуваат и своите семејства на голем ризик. 

Во болниците е забележан зголемен број на приеми на лица со компликации поради коронавирусот, кои биле изложени на зараза. 

Актуелниот бран на зарази во Холандија, што во последните недели надминува по 20.000 случаи на ден, продолжи и покрај ограничувањата од владата на Руте, кои вклучуваат повторно носење маски за лице и затворање кафулиња и ресторани по 20 часот.

Руте на вчерашната прес конференција кажа дека продавниците што не се клучни за населението ќе бидат затворени од 17 часот до 5 часот наутро и дека маските за лице ќе бидат задолжителни во средните училишта.

Холандските власти препорачуваат работа од дома во сите сектори каде тоа е возможно.