Во Ѓорче Петров се потпиша Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени

Денеска градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски заедно со претставникот на „CNVP Foundation" Кристина Бужароска, потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.

- Општина Ѓорче Петров ја демонстрираше својата посветеност за зачување на животната средина со активно учество на настанот фокусиран на „Локалниот пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“. Како локална самоуправа ги превземаме конкретните обврски наведени во Зелената агенда за Западен Балкан, нагласувајќи ја клучната улога што ја имаат општините во справувањето со еколошките предизвици, порача Стојкоски. 

- Општина Ѓорче Петров останува посветена на поттикнување на одржлива и еколошки свесна заедница, препознавајќи ја важноста на локалната акција во придонесот кон пошироките регионални и глобални еколошки цели, додаде тој.