Во црквата “Св.Спас” на Кале: Пролетен базар на домашни ракотворби

Во црквата “Св. Спас” на Кале вчера беше отворен “Пролетен базар на домашни ракотворби 2018” во организација на Град Скопје, Здружението на уметници ракотворци “Артикрафт” и Конзерваторскиот центар Скопје.

Базарот е отворен во 10:30 часот и ќе трае до утре до 18 часот. На едно место се претставени дела на креативните раце на занаетчиите и ракотворците изработени од најразлични материјали, а има и занаетчиски презентации со различни содржини.

Во рамки на базарот за денеска е планирано да се формира мрежа на ракотворци на стари занаети на ниво на Македонија. Базарот ќе има и придружни активности, како модна ревија, музички и поетски настапи и занаетчиски работилници.