Внимаваје при избор на туристичка агенција – се случува посакуваниот одмор да се претвори во кошмар

Со рекламни материјали, егзотични фотографии и видеопрезентации за одмор од соништата по "пристојни цени", туристичките агенции ја почнаа трката за придобивање на што поголем број летувалци.

Искуството од минатите години покажува дека на јадицата интересни и примамливи аранжмани се фаќаат голем број граѓани, кои најчесто место посакуваниот одмор, добиваат кошмар.

Надлежните советуваат на голема претпазливост при избор на агенција.

- Граѓаните најмногу им веруваат на агенциите кои имаат атрактивни рекламни материјали и фотографии. Но, практиката покажува нешто сосема друго.

Туристичката агенција одговара за секоја штета предизвикана од целосно или делумно извршување на обврските кои се однесуваат на организирањето на патувањето што се предвидени со договорот. Тоа значи дека организаторот одговара и во случај кога во ангажираниот хотел нема место и не може да најде алтернативно сместување, но и во случај кога наместо соба со поглед на море, сте добиле соба на внатрешниот паркинг на хотелот. И ако сметате дека услугите на патувањето се нецелосно и неквалитетно извршени, можете да барате сразмерно намалување на цената. Ова право можете да го остварите ако поднесете приговор до агенцијата во рок од осум дена од денот на завршување на патувањето.