ВМРО-ДПМНЕ: Директорите се огледало на подвоениот карактер на Арсовска

Кадровските решенија во Градот Скопје се огледало на подвоениот и импулсивен карактер на Арсовска која со ова ја зацврснува и ја задоволува коалицијата која е збир на криминалните апетити на СДС, уценетата ГРОМ, фолирантите од Левица и менторите за лажење и криминал ДУИ. Сите овие партии ја сочинуваат власта и ги пополнуваат директорските места во градот Скопје, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. 

-А на Арсовска не и се погодува ниту еден директор кои самата си ги поставува па разрешува затоа што таа ги ускладува апетитите на коалицијата СДС, Левица, ГРОМ, ДУИ. Таа со овие најнови кадровски одлуки го обликуваше злосторничкото здружување по мерка на Арсовска и коалицијата и по налог на нејзе блискиот Драган Митковски Книга за кого се вели дека е градоначалникот од сенка во Градот, додаваат од опозициската партија. 

Кога да и се верува на Арсовска, кога велеше дека Марјанчо Митовски е најдоброто решение за Водовод и канализација или сега кога го разрешува и вели дека Драган Илиевски кого претходно незаконски го назначи на Зоолошка градина сега е најдоброто решение за ЈП Водовод и канализација? Или во прашање е одржување на нејзиниот криминален интерес за раскрчмување на Водовод и канализација и бизнис интерес за пречистителната станица? - наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.