Владо Мисајловски: Во Ѓорче Петров ќе нема неасфалтирана улица (ВИДЕО)

Сакам да ве информирам дека инфраструктурата во општина Ѓорче Петров ќе биде главен приоритет. Ќе имаме преку 100 нови асфалтирани улици со посебен акцент на руралниот дел. Ова во видео обраќање го изјави Владо Мисајловски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на општина Ѓорче Петров.

За брзо време ќе почне градежна експанзија во Ѓорче Петров и сите улички што ви се потребни ќе бидат завршени, додава тој во обраќањето.

 

Да нема неасфалтирани улици во н.м Дексион, Мирче Ацев, Ѓорче Петров, Хром, Даме Груев, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково, Орман, Кучково и Никиштани. Да нема неасфалтирани улици во Ѓорче Петров.

Posted by Vlado Misajlovski on Sunday, October 1, 2017