Високи бројки на починати лица, но и понатаму не се носат маски и се прекршува полицискиот час

Епидемиолошката состојба е загрижувачка, но уште позагрижувачка е непослушноста на поединци, по повеќе од една година откако светот е зафатен од ковид-пандемијата.

Од 20.00 часот (09.04.2021) до 05.00 часот (10.04.2021) констатирано е дека 36 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие (09/10.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.