Виртуозите на виолончело, ја воодушевија македонската публика на прва

Виртуозите на виолончело, ја воодушевија македонската публика на прва.

Фото: Репортер

Најпопуларните филмски песни од „Титаник“, „Игра на тронови“, „Гладијатор“, „Пирати од Карибите“.....беа отсвирени во преполната Арена „Борис Трајковски“.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис – да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.