Викенд хороскоп: Време е за одмор и разговор со себеси

Покрај Месечината која е многу важна, дополнително влијание имаат и неколку планети. 

Најубавиот дел од викендот е сабота кога планетите ни наговестуваат успех, сјај и славење. За некои знаци можни се и непланирани кратки патувања, убави средби, нови познанства и контакти, како и опуштање. 

Комбинацијата на Уран и Јупитер ни носи остроумност, проникливост и иновативни идеи кои можеме успешно да ги презентираме. Секој предлог, секоја иницијатива ќе биде усвоена, а ќе бидеме повеќе од задоволни. 

Потрудете се да ги искористите овие денови, не размислувајте премногу и не мислете дека некои работи се неостварливи. Марс е директен во Овен што ни носи голема сила, енергија, но и амбиција за остварување  на нашите желби. Натпреварувачкиот дух на Марс ни помага да ги совладаме поставените цели и да бидеме успешни во нашите обиди.

Меркур се стишува во недела, со тоа што неговото влегување во Риби може да биде идеално за некои претставници на овој знак особено за необични разговори, необична комуникација и средби, но и уживање во тишината. Сепак, ова не е време за големи планови. Бидете нежни кон себеси, одмарајте, читајте. Во овој период можете да осознаете многу работи.