Видео: Скопје по земјотресот во 1963-та година

Пред точно 57 години односно на 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и длабочина од 5 до 7 км. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над 4.000 граѓани.

Штетата од земјотресот е проценета помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.

Препорачуваме да го погледнете овој долгометражен документарен филм кој одблизу ќе ви ја долови катастрофата која се случила во тоа време: