Вчера попладне скопјани ги вознемирија нови земјотреси, со јачина многу помала од серијата земјотреси кои минатата недела ги оставија без сон.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера попладне регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје, во 13 часот и 20 минути, со Рихтерова локална магнитуда 1.9. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската
Исто така, по овој земјотрес следуваше втор во 15 часот и 57 минути, со нешто поголема магнитуда од 2,4 степени.
Тлото во Скопје се стресе и вечерта во 19:37 во Македонија. Земјотресот беше со јачина од 2,7 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот е на 10 километри од Карбинци.
За потсетување, поминаа девет дена о силниот земјотрес кој ги вознемири скопјани во неделата во 15 часот и 10 минути, со јачина од 5,3 степени.
Многумина жители на повисоките згради не спиеја дома, седеа во шатори, одеа кај роднини и пријатели, а потресите кои следуваа и по овој земјотрес, дополнително ги испллашија жителите на главниот град.
Пред земјотресот во 15 часот и 10 минути, истиот ден имаше уште два земјотреси утрината во 7 часот, додека по силниот потрес, исто така продолжија серија посилни и послаби потреси.