Град Скопје: Одговорноста за срушениот ѕид кај Клиничкиот центар е на Министерството за здравство

Во врска со дезинформациите околу срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, Град Скопје информира дека нема законска надлежност да постапува во овој случај. Согласно законските прописи, ова прашање е во надлежност на Министерството за здравство на Македонија.

''Улицата Белградска, која е под надлежност на општина Центар, се одржува од страна на Град Скопје, но ова не подразбира изградба на улица или други градежни активности.

Изградбата на општински улици е одговорност на општините, додека Град Скопје се грижи за булеварите и сообраќајниците опфатени во Генералниот урбанистички план.

Потпорниот ѕид, кој служи како ограда на Клиничкиот центар, е во надлежност на Министерството за здравство. Единствено Министерството или негов овластен орган може да врши изградба или реконструкција на овој ѕид, согласно законските прописи'' известуваат од град Скопје.