Видео: Поради сообраќани блокади скопјанка не може да стигне на погреб кај татко си

Речиси цело Скопје денеска беше во сообраќаен метеж. Поради заедничката владина седница на земјава и Косово, поради што и беше променет сообраќајниот режим, се случија блокади во централното градско подрачје.

Закочен беше и булеварот „Климент Охрдиски, од раскрсницата кај студенскиот дом „Кузман Јосифовски“ во правец кон „Партизанска“, кај Соборниот храм.

На твитер се појави видео во кое скопјанка, плачејќи, моли да се снајде во сообраќајните блокади за да стигне на погреб кај татко си. 

-Само ги замолувам да ми направат простор автомобилите, за да поминам и да одам на погреб кај татко ми, рече утрово скопјанка која се најде на крстосницата кај базенот Карпош.

На хаосот реагираше и Д-р Ненад Лазаров.

-Ни до пола пациенти не успеавме да стигнеме денес ради блокадиве по град, ниту пак луѓе успеаа да дојдат во ординација Не е време за вакви глупости, дајте олеснете ни малку,доста веќе глупости, напиша тој.