(Видео) Полицаец открива: Градоначалникот на Крива Паланка ми удри две шлаканици

Во медиумите се појавија информации дека градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски нападнал полицаец, а дека имало инцидент потврди и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при гостување во „Телевизија 24“.

Полицаецот објави на неговиот профил дека на 14.01.2023 година околу 01.50 часот бил нападнат од градоначалникот, кој му удрил две шлаканици.

Повеќе детали за инцидентот се очекуваат наскоро.