Видео: Ќе се уредува речното корито на река Серава

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски на фејсбук објави како треба да изгледа речното корито на реката Серава.

-На мое големо задоволство денес го објавуваме новиот изглед на речното корито на река Серава. Едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел ќе стане реалност. Во изминатата година и половина работевме на изработка на освновниот проект и финалниот изглед на речното корито, објави Костовски.

Во првата фаза ќе се уреди речното корито на река серава во должина од 1.500 метри во населеното место Радишани, а паралалелно ќе се пристапи и кон изградбна на нова пешачка патека.