Видео: Како изгледаше протестот за поддршка на Ламбе Алабаковски во Битола?

Политичката партија Левица која беше организатор на вчерашниот протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски во Битола, сподели видео од настанот

Настанот кој се одржа вчера беше од мирен карактер и присуствуваа околу 1.500 посетители.

Алабаковски од завчера е во притвор поради палењето на вратата од културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. 

Од Левица на вчерашниот протест побараа ослободителна пресуда за Ламбе Алабаковски.