Видео: Гори Ѓорче, гори Карпош, а Скопје се дави

„Гори Ѓорче, гори Карпош, а Скопје се дави“, ова е насловот на видеото кое попладнево беше објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа дека сеуште гори голема депонија во општината Ѓорче Петров. Скопје Инфо и утрово пишуваше дека депонијата е активни и дека скопјани се разбудија со мирис на чад. 

„Веќе втор ден како гори депонијата во Ѓорче Петров кај пречистителната станица во Ново Село.Два дена неподнослив мирис и смрдеа, а ѓубрето не престанува да се истура!“ се вели насловот на видеото кое е објавено на социјалните мрежи. 

ГОРИ ЃОРЧЕ, ГОРИ КАРПОШ, А СКОПЈЕ СЕ ДАВИ ! Веќе втор ден како гори депонијата во Ѓорче Петров кај пречистителната станица во Ново Село. Два дена неподнослив мирис и смрдеа, а ѓубрето не престанува да се истура ! Цела зима бевме на врвот на листата на најзагадените места во Скопје и во Македонија. Каде се градоначалниците и одговорните ? Кога некој од нив ќе се погрижи ова да биде минато ? Не е прв пат да се случува ова, а во последно време се случува се почесто ! Ќе превземе ли некој нешто ова да се спречи ? Цело време читаме прилози како се чистеле депонии и се преземале мерки против загадувањето. Ова се тие мерки ? На оваа депонија во Ѓорче Петров дури и надлежните фрлаат шут ! До кога ќе се труеме ?

Posted by Ѓорче Петров on Saturday, October 12, 2019