Ветерот го исчисти воздухот

Концентрациите на опасните ПМ10 честички утрово во најголем дел од земјата се на граница или  под максималната граница на дозволеното. Единствено мерните станици во Струмица, Тетово, Кичево и Кочани регистрираат високи концентрации на ПМ10 честички.

Ваквата промена во квалитетот на воздухот се должи на ведрото време и ветерот.

Најавата за ваква промена вчера пристигна од  Министерството за животна средина, во соопштението во кое ги објавија препораките за населението во врска со загадувањето, по два последователни дена енормно загадување.

На крајот беше најавено дека за денеска „според најавите од УХМР,  се очекуваа поволни временски услови, односно облачно и студено со засилен северен ветер“.