Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.

Мерните станици во некои делови од Скопје покажуваа концентрација од над 550 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, од дозволените 50 микрограми. Некаде пак, концентрацијата на ПМ 10 честички достигнуваше и до 800 микрограми.

Реакциите на социјалните мрежи не стивнуваа.

„Џабе урламе, протестираме, молиме за чист воздух и здрав живот. Чаре нема. Никој не сака да пофати барем од некаде! Крајно сум изреволтирана и страшно загрижена за сопствениот и животот на најмилите“, пишуваа граѓаните.

Оливер Пешевски коментира..Пакистан,Афганистан...тука сме.

Валентина Петрушевска пишува...Имаме ли надлежни кои толку многу се грижат за колективното здравје, па сега се поставува прашањето, да ли енормно со катастрофални размери загадениот воздух не му штети на колективот?!
Министерството за здравство по овој проблем не се изјаснува.

Загаденоста на воздухот е висока и во моментов. Во Центар, на пример, загаденоста на воздухот е 5 пати над дозволената граница.