Верувајте во чуда – мали гестови, љубов и насмевки

Немојте да бидете од оние луѓе кои не веруваат во ништо и кои негативно гледаат на сѐ околу себе.

Сакајте ги утрата, нема потреба да ги мразите само поради тоа што ви се спие. Испијте лимонада, разбистрете ги мислите, разодете се и насмевнете се. Дајте некому комплимент, купете и цвеќе на колешката. Направете си добро кафе и почнете го денот.

Кога некој ќе ве изнервира, не дозволувајте тоа да трае премногу. Вдишете и издишете и насмевнете се.

Кога некој ќе ви упати злонамерна критика, заблагодарете им се и не дозволувајте тоа да ви влијае. Тие не знаат ништо за вас и тоа не треба да ве допира. Кога сте работеле напорно, а некој не го цени вашиот труд, верувајте во себе. Знајте дека можете подобро.

Не копнејте премногу по работи кои ги немате. Верувајте во бајки. Всушност сами создадете ја својата бајка -  со мали нешта, со искрени луѓе и убави зборови.

Не ви треба повеќе. Нека не ве убедуваат во тоа.

cheap nike air max 90