Вечерва: Групна тепечка во автобус на ЈСП

Групна тепачка помеѓу десетина млади луѓе се случила вечерва во автобус број 64 во близина на автобуската станица Симпо, дознава Скопјеинфо од очевидци во автобусот. Според нивните информации инцитентот избил во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, а во тепачката учествувале две групи, македонци и албанци.

По инцидентот реагирало Министерството за внатрешни работи по што младите се приведени во полицијата и во моментов се работи на расчистување на случајот.