Валкано, коли на сред парк...Наместо пријатно место за одмор, Градски парк личи на депонија (фото)

Валкано, коли на сред парк, искршени клупи, несобрано и расфрлано ѓубре, мостовите со дупки што е голема опасност за децата што трчаат, тажно и гнасно....ваква беше сликата во Градскиот парк за викендот, пишува една револтирана скопјанка на својот Фејсбук профил.

-Наместо пријатно место за одмор, за прошетка парков повеќе личи на депонија. Секој ден шетам овде, срамота е, за викендите е гужва наместо сами да сме свесни за хигиената ние упорно го уништуваме тоа што го имаме, вели еден редовен посетител на паркот.