Вака некогаш се забавувале скопјани: Се сеќавате ли на ова место?

Овие фотографии од старо Скопје повозрасните ќе ги наврати во минатото и ќе им пробуди спомени, а помладите ќе можат да видат како некогаш изгледаше градско лизгалиште под Кале.

Моите деца на оваа место уживаа, сега им раскажуваат на своите деца, сличугите се уште ги чувам, вели една скопјанка.

Се сеќавам се делеа гратиси низ училиште, се договарав со своите другарки. Ќе си изнајмиме сличуги и ќе си купиме чај...прекрасно беше, раскажува Ана.