Утре вечер гостување на танцова компанија од Берлин во Скопје

Утре вечер со почеток од 22 и 30 часот во „Кино Фросина“ ќе настапи Frantics Dance Company од Берлин. Гостувањето во Скопје доаѓа како дел од меѓународниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“. Публиката ќе има прилика да ужива во сепктакуларен, ескпериментален танцов перформанс на гостите од Германија.

Иако доаѓаат како гости од Германија, во редовите на оваа танцова компанија нема ниту еден Германец. Компанијата е составена од пет танчари, од кои три од Шпанија: Диего Де Ла Роса, Карлос Алер и Хуан Тирадо; и по еден од Грција, Ева Георгицопулу и Италија, Марко Ди Нардо. Уметниците се обединиле во танцовата компанија „Франтикс“ во 2013 година и за познавачите на оваа уметност претставуваат одличен пример на модерен, експериментален танц. Влезот на претставата е бесплатен.