Утре е задушница - да си ги споменеме сите оние кои ни оставиле трага во душата

Православните христијани утре ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.

Црквата пропишала посебни денови - задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата. Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а прават и милостина.

Храната честопати се однесува на гробиштата, што не е црковно правило, туку е нов обичај во нашата нација.

Задушница никогаш не е за време на пост, ниту се паѓат на пост, бидејќи тие се секогаш во сабота. Се пече леб со бело брашно. Се подготвува ракија, пиво, вино, вода, а на некои места се вари и жито.