Утре до Собранието ќе биде доставен официјалниот список со членовите на новата влада

Утре до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а мандатарот Христијан Мицкоски вчеравечер рече дека гласањето за новата влада очекува да биде во текот на следниот викенд, 22-23 јуни.

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вчера беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.

Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада.

Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски

Министер за одбрана – Владо Мисајловски

Министер за финансии – Гордана  Димитриовска Кочоска

Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски

Министер за локална самоуправа – Златко Перински

Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски

Министер за спорт – Борко Ристовски

Министер за енергетика, рударство и минерални суровини  – Сања Божиновска

Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски

Министер за култура и туризам – Зоран Љутков

Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски

Министер за образование и наука- Весна Јаневска

Министер за политички систем – Љупчо Димовски

Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ

Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу

Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 6 јуни и има рок од 20 дена до Собранието да достави програма и предлог состав на владата.

Собранието закажува седницата за избор на нова влада во рок од 15 дена по добивање на предлогот, а расправата трае најмногу два дена.