- Во овој момент во универзална сала во тек е првата фаза од реконструкцијата на самиот објект и она што го видовме баш симболично претставуваше крунисување на целиот овој процес, кој беше долг и комплексен во однос на преземањето на ингеренциите, завршувањето на сите процедури и се она што значеше привршување односно продолжување на работата во таа прва фаза, изјави за Слободен печат, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Министерката ја објасни целата процедура за реконструкција на овој значаен објкет, додавајќи дека во следните две до три години таа ќе биде целосно завршена и отворена за граѓаните
- Во тек е јавната набавка за втората фаза, односно за последниот дел од проектот за реконструкција. Јавната набавка е во тек и за реконструкцијата и за избор на надзор, односно фирмата која ќе прави надзор врз објектот. Што значи дека и тие процедури кои се тековни односно што ги презедовме и предвидовме во програмата на МК се во тек. Веднаш по завршувањето на првата фаза, сакаме веднаш да се продолжи со втората фаза, токму затоа го направивме тоа во период кога се работи првата фаза, да ја завршиме јавната набавка со сите процедури како што треба втората фаза. За да немаме никаков прекин во работата. Средствата се обезбедени преку буџетот на министерството и од правен и од финансиски аспект нема да има никаков застој и рокот што предвидовме од три години ќе биде доволен за да можеме, да имаме универзална сала со целосно завршена реконструкција, посочи Костадиновска Стојчевска.