“Го силувавме ежот” – претстава за апсурдно владеење и љубов

Во Универзалната сала во Скопје (мала сцена), денеска 26 јануари, ќе биде одиграна сатиричната претстава “Го силувавме ежот”.

Претставата зборува за апсурдното владеење на еден современ режим во рамките на демократско општество, раскажано преку љубовна приказна на млад новинар и проститутка.

“Го силувавме ежот” е работена како завршен испит на возрасната група ученици од училиштето за театар “Од игра до претстава” и претставува авторско дело на ученикот Марјан Анѓеловски.

Во претставата играат Јасмин Рамани, Петра Ивановска, Марјан Анѓеловски, Ристе Мицевски, Огнен Велевски, Ивана Стамевска, Сара Николовска, Елена Ѓорѓевска и Александар Јовановски.

Ментори, пак, се театарскиот режисер Игор Ивковиќ, актерката Ирена Илиевска и продуцентот Миодраг Костиќ.