Улици како езера, паднати дрва, откорнати кровови...

„Нели ви е јасна силата Господова“.„Ова ни е опомена за покајание што поскоро“....вакви се коментарите на социјалните мрежи по поројните врнежи кои изминатава недела го зфатија Скопје.

Очигледно за скопјани една од казните е два ден да врне дожд. И тогаш улиците ни стануваат езера, од ветрот паѓаа гранки, дрва.. кои направија штети на поголем број автомобили низ градот.

Градските служби повеќе од лежерно се однесуваат во период кога метеоролозите најавуваат засилена циколнска активност, односно секојдневни врнежи од дожд проследени со силни ветрови.

Изминатите 24 часа во Скопје наврнале 40 литри на метар квадратен воден талог, додека, во Прилеп и Пожаране 18, во Куманово 16, Штип 10, Тополчани 9, Виница и Тетово 8, Лазарополе 7, Битола, Крушево и Крива Паланка по 6, Демир Капија 4, Ѓуриште и Гевгелија 2 и Маврово еден метар воден талог.

Од УХМР известуваат дека до понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Од среда нестабилноста ќе се намали, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.