Нов цветен расад од видот љубичица и украсна зелка од денес го красат централното градско подрачје, информираа од ЈП Паркови и зеленило.
Тоа што е карактеристика за овие два вида е нивната издржливост на ниските температури овој период од годината, а овие растенија веќе го разубавуваат Скопје на неколку локации во центарот на градот, непосредно во близина на владината зграда.