Украл возило од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и удрил во бетонски столб

19-годишник од Штип бил приведен од полициски службеници откако одзел возило од Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

- На 04.01.2023 во 02.45 часот на ул.„Козара“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип, затоа што околу 01.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничко возило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.