Украден државен грб од влезот на странска амбасада во Скопје

МВР информира дека завчера бил украден државен грб од странска амбасада во Скопје.

-На 16.04.2023 во 09.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека од фасадата пред влезот на странска амбасада во Скопје бил одземен нивниот државен грб, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.